Услуги од областа на нискоградба
Во областа на нискоградбата нашата компанија нуди проектантски услуги на ниво на проекти за инфраструктура, основни проекти и проекти на изведена состојба, вклучувајќи проектирање на нови објекти, реконструкција на постоечки објекти, ревизија на техничка документација и надзор на градби, изведба на објекти од областа на инфраструктурата, како и консалтинг и outsourcing услуги за единици на локалната самоуправа – општини, приватни инвеститори, градежни компании, , владини субјекти, индустрии, странски компании итн.
Сме работеле на физибилити студии, партерно уредување на индустриско развојни зони, проектирање на локални и регионални патишта, градски сообраќајници, денивелирани патни јазли, сообраќајни решенија со вертикална и хоризонтална сигнализација, димензионирање на коловозни конструкции, потпорни ѕидови, заштитни канали и др.
Тоа што го работиме е од огромна важност за нас и нашите клиенти, за нашата професија, и наша цел е да понудиме техничка подршка на највисоко ниво.
Контактирајте нe или испратете барање преку електронска пошта на:
sivil@sivil.mk